Амазон Македонија

Amazon Macedonia - Does Amazon ship to Macedonia?

Дали Амазон испорачува до Македонија?

Ако живеете во Македонија и сте се обиделе да купите нешто од Амазон, постои голема веројатност дека сте наишле на потешкотии. Најчестата препрека е тоа што вашата нарачка не може да биде испорачана во Македонија, но постојат и низа други проблеми.

За среќа, Амазон може да ја испорача речиси секоја нарачка до Македонија – само треба да знаете како да го направите тоа. Со нашата стратегија во 2-чекори вашата нарачка од Amazon.com без проблем ќе ви биде доставена до Македонија.  

Важно: Секогаш треба да купувате преку веб-страницата Amazon.com базирана во САД, затоа што нуди поголем избор по многу пониски цени од другите веб-страници на Амазон низ целиот свет. 

Одете до страницата веднаш.

Стратегија бр.1: Метод на двојно филтрирање (Неверојатно лесен, до 80-90% успешност)

Чекор 1: Посетете ја вашата нова почетна страница на Амазон 

Проблем: Пробувате да купите нешто преку Amazon.com (американската веб-страница) од Македонија, но штом ќе стигнете до делот за наплата, ви вели дека вашата нарачка не може да се испорача во Македонија.

Решение: За да не губите време со нарачки што не се испраќаат надвор од САД, секое идно пребарување на Амазон од сега натаму треба да го правите од оваа страница. Ги филтрира само американските артикли што не можат да се испорачаат во Македонија, па затоа ќе ви биде од голема помош!

Чекор 2: Внесете ја вашата адреса со 1 клик

Проблем: И покрај тоа што ги филтриравте само американските артикли, тоа не значи дека сè друго може да се испорача во Македонија. Владините регулативи не дозволуваат одредени артикли, како на пример одреден тип електроника, да се увезуваат директно од Амазон, па за да ги видите само артиклите што можат да се испорачаат во Македонија, треба да поставите адреса со 1 клик.

Here's $10 of free crypto


  1. Open a Kraken account using the link below (works worldwide).
  2. Deposit at least $1 (takes ~3 minutes).
  3. Receive your $10 bonus within 24 hours.

Решение: Одете во поставувањата на параметри за набавка Purchase Preferences, осигурете се дека вашата адреса во Македонија сте ја поставиле како примарна адреса и овозможете нарачка преку 1 клик во вашиот пребарувач. Ако не можете да внесете на ваков начин, едноставно додадете ја вашата македонска адреса и поставете ја како примарна адреса. Всушност, никогаш не морате да ја користите функцијата за нарачка преку 1 клик, но треба да ја овозможите овде, така што Амазон ќе ви ги прикаже само артиклите што можат да се испорачаат до Македонија.

Фотографијата подолу покажува како изгледа тоа. И штом ќе ја поставите, можете да купувате на Амазон колку што сакате!

Amazon 1-click address
Поставете ја вашата примарна адреса со можност за нарачка со еден клик за да видите кои производи можат да бидат испорачани до вашата адреса.

Што ако стратегијата #1 не функционира кај мене?

Овој начин на пребарување на глобалната страница на Амазон филтрира само околу 80-90 отсто од артиклите на Амазон, но не грижете се. Доколку не можете да го порачате бараниот артикал со помош на овој начин погоре, имаме решение со стратегијата #2: преку испраќач на пратка.

Стратегија #2: Испраќач на пратки (прилично лесно, до 100% успешност)

Постојат неколку артикли што Амазон не може да ни ги испорача нам овде, особено нивните Киндл направи, како и други електронски уреди.

Сепак, постои начин за заобиколување што можете да го искористите за да испорака на овие производи меѓународно, а тоа е преку користење на третострани испраќачи на пратки. Еве како да го направите тоа.  

Чекор 1: Регистрирајте се со испраќачи на пратки

Прво, ќе треба да отворите профил со некој испраќач на пратки, кој ќе ги прифати вашите набавки од Амазон во нивниот магацин во САД и ќе ги проследи до вас. Тестиравме скоро десетина различни испраќачи на пратки во текот на изминатите неколку години и дојдовме до заклучок дека Planet Express е најдобриот испраќач на пратки според повеќето луѓе. Еве неколку причини зошто топло го препорачуваме Planet Express:

  • Докажана услуга: Planet Express заврши извонредна работа со сите нарачки што ги оставиваме кај нив и во текот на целиот процес нè известуваше за статусот на нашите нарачки 
  • Задоволни клиенти: Planet Express има одлични критики од клиенти насекаде на интернет
  • Брза испорака: Planet Express ги испорачува вашите пратки во рок од неколку часа откако ќе ги побарате, скратувајќи го целокупното време на испорака и побрзо стигнување на вашите нарачки до вас
  • Високо степен на грижа: Planet Express одлично се грижи за вашите пратки за да се осигура дека ќе пристигнат неоштетени
  • Ослободени од данок: Planet Express има повеќе складишта низ САД, вклучувајќи складиште во Орегон кое е ослободено од данок за да ги сведе трошоците што ги плаќате на апсолутен минимум
  • Дополнителна заштеда: Planet Express ќе ги препакува и смести вашите пратки во една кутија за да ви заштеди уште повеќе на трошоците за испорака
  • Бесплатно складирање: Слободно можете да ги чувате пратките во магацинот Planet Express во САД до 10 дена
  • Најниски цени на пазарот: Planet Express нуди најниски просечни тарифи од кој било од шпедитерите на пратки што ги тестиравме

За да добиете понуда за испорака на одреден производ, користете го Калкулаторот за трошоци за испорака на Planet Express овде. За да дознаете повеќе, прочитајте го нашиот детален преглед на Planet Express.

Чекор 2: Купете го избраниот производ

Веднаш штом ќе се регистрирате на Planet Express, ќе добиете единствена адреса за испорака на вашата пратка. Оваа единствена адреса ви гарантира дека вашата пратка нема да се измеша со ничија друга, а исто така му овозможува на Planet Express да ви испраќа известувања (со фотографии) само неколку минути откако вашата пратка ќе пристигне во нивниот магацин.

Па само купете го посакуваниот производ и испорачајте го до вашата единствена адреса на Planet Express – толку е едноставно.

Чекор 3: Препратете го вашиот производ

Откако вашата пратка ќе пристигне во складот на Planet Express во САД, можете да одлучите меѓу две опции:

  1. Брзина: Стандардна испорака, приоритетен превоз, итн. Planet Express нуди неколку различни опции за испорака, секоја со различна брзина и соодветна цена. Според моето искуство, секогаш има барем една опција за испорака која одговара на моите потреби. Обично се одлучувам за побавна ама поевтина испорака, бидејќи артиклите што ги нарачувам не ми требаат итно. Но тие исто така нудат експресна испорака со доверливи брендови како FedEx и DHL.
  2. Осигурување: Дали сакате дополнително осигурување за вашата пратка? Нормално, не ми треба дополнително осигурување, бидејќи Planet Express веќе ги испраќа моите работи преку реномирани компании за транспорт на пратки, но ако купувате нешто од голема вредност како iPhone X, можеби ќе сакате да додадете и дополнително осигурување.

Откако ќе ги направите изборот за брзина и осигурување, време е за испорака! Повеќето пратки што ги нарачав преку Planet Express чинат околу 7-12 долари, но се разбира цената варира во зависност од големината и тежината на пратката. За повеќе информации за тарифите за испорака, даноците / давачките и сè друго, регистрирајте се овде.

After testing nearly a dozen different package forwarders for price, reliability and speed, Planet Express is our favorite by far.
По тестирање на скоро десетина различни испраќачи на пратки за цена, сигурност и брзина, Planet Express досега е наш фаворит.

Најчесто поставувани прашања

Дали Амазон нуди бесплатна испорака до Македонија?

Не, Амазон не нуди бесплатна испорака во Македонија. Нормално, ќе мора да платите околу 570 денари за да ја испорачате вашата нарачка од Амазон до Македонија и можеби ќе треба да платите уште повеќе ако купувате повеќе артикли или вашата пратка е тешка или гломазна. Повеќето пратки од Амазон во Македонија ќе бидат доставени преку Македонска пошта

Како да нарачате Amazon Echo од Македонија

Amazon Echo  е интерактивен паметен звучник и персонален асистент со гласовни команди. Amazon Echo влезе во својата трета генерација откако првпат излезе на пазарот во 2014 година. Amazon го произведе и Amazon Echo Dot, помал, поевтин уред со целата функционалност на Echo (вклучително и Alexa) и помалку моќен звучник. Еве некои од популарните одлики на Amazon Echo:

  • Пуштање на музика преку команда (се поврзува со Spotify, Apple Music, Amazon Music, итн.)
  • Покажување време и вести
  • Поставување тајмери, аларми и настани во календарот
  • Контрола на паметни домашни уреди (Philips Hue, Nest Wi-Fi, итн.)
  • Пребарување информации за различни теми
  • Читање рецепти гласно
  • Додавање на артикли во вашата шопинг листа
Amazon Macedonia - Amazon will not ship the Echo outside of the United States, but you can still get one delivered to you in Macedonia if you follow our methods.
Амазон нема да го испорача Echo надвор од Соединетите американски држави, но сепак вие можете да го добиете во Македонија ако ги следите нашите совети. 

Да речеме дека сакате да го добиете Amazon Echo во вашиот дом во Скопје. Следејќи ја Стратегијата бр. 1 погоре, треба:

  1. Да ја посетите вашата нова Амазон почетна страница тука.
  2. Да ја додадете вашата адреса во Скопје во Purchase Preferences тука, купете го Echo и ќе ви биде испорачан до вашата адреса. 

Ако овој начин не функционира за вас, тогаш со Стратегијата #2 дефинитивно ќе успеете да нарачате. 

Амазон промо кодови во Македонија

За жал, речиси никогаш нема да најдете функционален промо-код на Амазон во Македонија. Скоро сите промо-кодови на Амазон и купони што ќе ги најдете на Интернет, всушност не работат. Наместо да губите време да пребарувате промо-кодови на Амазон, предлагаме да го примените нашиот совет за двојно филтрирање во два чекори (Стратегија бр. 1) погоре за брза и сигурна испорака на вашите пратки во Македонија. Ако Стратегијата бр.1 не работи, тогаш сигурно ќе успеете да нарачате преку испраќач на пратки (Стратегија бр. 2) .

Веб-услоги на Амазон во Македонија

Веб-услугите на Амазон пружаат клауд услуги на барање на поединци, компании и влади по мерка, на база плаќај-како-користиш. Тоа ја прави изработката на веб-страници и веб-апликации исклучително лесна,  прифатлива и евтина, а ви се наплаќа само за податоците што ги користите. За да креирате веб-страница или веб-апликација користејќи ги веб-услугите на Амазон во Македонија, кликнете овде.

Амазон Flex во Македонија

Амазон Flex е шпедитерската платформа на компанијата што им овозможува на самостојни договарачи да испорачуваат пратки за Амазон. Амазон го претстави Flex во 2015 година, со цел да добие поголема контрола над сопствениот вредносен ланец и да ја подобри својата малопродажна мрежа.

Еве како функционира Aмазон Flex:

  1. Возачите на Амазон Flex распоредуваат мноштво пратки од локалните складишта на Амазон. Пратките се организираат според повеќе адреси за испорака што му овозможува на секој возач да се концентрира на достава на пратки на повеќе соседни улици во тој ден.
  2. Возачите користат апликација Амазон Флекс за да ги добијат деталите за секоја испорака: адреса до која се доставуваат, начинот на испорака, специјални барања итн.
  3. Возачите го комплетираат блокот на испорака за 3-5 часа. Возачите на Амазон Флекс можат да се регистрираат за испорака во повеќе блокови за испорака за еден ден, овозможувајќи им да заработат повисока плата за испорака на пратките нарачани од Амазон.

Бидејќи возачите на Амазон Флекс се самостојни договарачи, а не вработени во Амазон, тие обично не носат униформи на Амазон и ги испорачуваат пратките користејќи сопствени, небрендирани возила. 

Amazon Macedonia - Amazon Flex is the company
Амазон Flex е најновата платформа за испорака на Амазон направена за да му помогне на Амазон да воспостави поголема контрола над сопствениот вредносен ланец и да ја подобри малопродажната мрежа.

Амазон Prime во Македонија

Амазон Prime е премиум услуга за шопинг со претплата на Амазон. Услугата е активна од 2005 година, а придобивките од Амазон Prime вклучуваат бесплатна испорака за два дена, Prime Reading, платформа за музика, видео стриминг понуда и многу повеќе. Постојат над 100 милиони корисници на Амазон Prime во светот, а тој број се зголемува секоја година за десетици милиони корисници. 

Амазон нуди неколку други услуги заедно со Амазон Prime за да ја направи претплатата уште повредна за претплатниците:

  • Амазон Prime за музика: Неограничен сервис за музика, без реклами, сличен на Spotify или YouTube за музика. Претплатниците на Амазон Prime добиваат пристап до речиси целата понуда во музичката библиотека бесплатно и можат да доплатат одредена сума за пристап до сите песни во библиотека на Амазон. 
  • Амазон Prime Video: Претставена во 2006 година, оваа услуга е видео-на-барање интернет платформа која нуди широк спектар на оригинални содржини и програма, што ја прави силен конкурент на другите слични платформи како што се Netflix и Hulu. 
  • Амазон Prime Now: Амазон Prime Now е сервис кој е активен од 2014 година и им овозможува на претплатниците нивните пратки да бидат доставени до нив во рок од 1-2 часа за дополнителна доплата. Скоро половина од членовите на Амазон Prime барем еднаш користеле Amazon Prime Now. 

Уште од 2015 година, Амазон го прославува Премиум денот секоја година на 15 јули. Таканаречениот Prime Day е сличен на црн петок, затоа што многу од производите на страницата се нудат со огрмни попусти и на 15-ти како и неколку дена пред и потоа.

Кариера во Амазон

Ако сте заинтересирани за работа во Амазон од Македонија, сте дошле на погрешно место. Ова не е портал за огласување на работни места во Амазон! Вратете се на Гугли продолжете со пребарувањето таму, или одете директно на глобалниот портал за огласи за работа на Амазон.

Како да продавате на Амазон од Македонија

Продавањето на Амазон од Македонија е едноставно и можете да започнете со само неколку лесни чекори:

  1. Одете на services.amazon.com.
  2. Скролнете надолу, кликнете на Start Selling и најавете се на вашиот профил на Амазон.
  3. Следете ги упатствата и ќе поставите сè за неколку минути!
Amazon Macedonia - Selling on Amazon in Macedonia is as simple as signing up, completing a few prompts and uploading your first items.
Продавањето на Амазон од Македонија е лесно преку регистрација, следење на неколку упатства и прикачување на информации за неколку артикли. 

Еве што ви треба да почнете да продавате на Амазон од Македонија:

  1. Кредитна картичка што може да се користи меѓународно (која било картичка Visa, Mastercard или American Express ќе работи). 
  2. Банкарска сметка во Македонија која поддржува ACH исплати (автоматска клиринска куќа) за прифаќање на плаќања од Амазон.
  3. Вашата адреса за испорака и телефонскиот број во Македонија.
  4. Американски EIN (Број за идентификација на вработени), што можете да го добиете со пополнување на овој формулар овде. 

Тоа е сè што сакавме да споделиме со вас за тоа како да нарачате артикли од Амазон во Македонија. Ако имате било какви прашања за тоа како да ги подобриме нашите стратегии за да ви го олеснат нарачувањето, оставете коментар подолу и ќе дадеме сè од себе да ви помогнеме да ги испорачате вашите производи безбедно, брзо и по најниска цена. 

—–



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

5 × four =